Хроника Ограбена агенција за недвижности во Дебар-маало

Ограбена агенција за недвижности во Дебар-маало

На 2/3 јули во периодот од 17.20 до 10.15 часот во канцелариите на агенцијата за недвижности „Кастел“, која се наоѓа на улицата Чедомир Миндеровиќ во скопско Дебар-маало, непознат сторител извршил тешка кражба.

Крадецот се прекачил на балконот, со камен го искршил стаклото од прозорот во кујната, влегол внатре и одзел 23.500 американски долари и два лаптоп-компјутери, со што противправно се стекнал со имотна корист од околу 1.300.000 денари.

Настанот во полициската станица во Центар го пријавил А.Д. (50) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.