fbpx

Агенцијата „Марили“ ги додели признанијата на топ 10 жени-менаџерки за 2019 година

-

Во хотел „Александар палас” вчеравечер агенција „Марили” го одржа 24. по ред традиционален бизнис-настан „Жена менаџер”, на кој беа доделени признанија на топ 10 најуспешни жени менаџери за 2019 година.

Признанија добија: Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions, Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации”, Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг” – Гостивар, Д-р Даниела Димитрова, сопственичка на Центар за дентална и естетска медицина „Перла”, Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија, Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home” – Македонија, Даниела Китанова, менаџер во Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group, Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус” и „ЕКП Травел”, Марија Кукуновска, генерален менаџер на „БИСПАГ Противпожарна Техника” и Жанета Џафер, генерален менаџер на „Жанета Естетик” – студио за убавина.

Истовремено беше доделено и специјалното признание на директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ, за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со ковид-19.

Како што информираат од агенцијата „Марили“ годинава се одбележува и петгодишниот јубилеј на Марили бизнис клуб во кој членуваат сите досегашни избрани жени-менаџерки, вкупно 240 на број, како и други почесни членови кои даваат поддршка на овој проект на агенцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...