Хроника Ограбен Србин во тоалет на Железничка станица во Скопје

Ограбен Србин во тоалет на Железничка станица во Скопје

Вчера, околу 10 часот, во тоалетот во Транспортен центар – Скопје, бил ограбен српски државјанин (Б.С.) откако непознат сторител му се заканил со пиштол. На патникот му биле украдени 150 евра.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот и за пронаоѓање на сторителот.