fbpx

СПОНА реагира на критиките за нивната содржина за Ѓорѓи Пулевски – „Читај како што е напишано“

-

Српскиот културно-информативен центар СПОНА се огласи со реакција на бројните критички коментари на социјалните медиуми за нивниот текст „Ѓорѓе Пуљевски – родољуб српски – и неговите писма за помош за печатење на неговите речници во Белград“, објавена на официјалната веб-страница на СПОНА на 11 јануари.

На оваа објава реагираше и Месна заедница Галичник, чиј став го пренесе и „Мета.мк“.

Српскиот културен центар го „посрби“ Ѓорѓија Пулевски, социјалните мрежи зовреа, реагираше и МЗ Галичник

Инаку, „Мета.мк“ изнесувајќи дел од содржината на СПОНА и реакцијата на МЗ Галичник, таксативно ги изнесе главните пунктови во двете содржини, без какви било редакциски оценки или коментар. Објавата е во вид на вест, новинарски жанр кој не дозволува каков било коментар од страна на новинарите или уредниците. Оттука, редакцијата на „Мета.мк“ со индигнација ги отфрла недоволно разјаснетите тврдења на СПОНА за постоење на груби манипулации кон читателската публика, како што е кратко наведено во електронската порака до нашата редакција.

СПОНА во својата реакција вели дека првобитната содржина не била авторски текст, туку „објава на факсимили и транскрипција на ОРИГИНАЛНИТЕ И СВОЕРАЧНО ПИШУВАНИ ПИСМА на Пулевски, упатени на 20. декември 1872 година до тогашниот министер за образование на Кнежевството Србија Стојан Вељковиќ, како и писмо кое самиот Пулевски го има упатено на 29 ноември 1874 година до тогашниот кнез на Кнежевството Србија, Милан Обреновиќ IV.“ и дека не станува збор за „измислени писанија и конструирани измислици од страна на СПОНА“.

„Споменатите писма на Пулевски се објавени во зборникот документи “Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија/Грађа за историју македонског народа из Архива Србије“, том III, книга 1 и книга 2 (https://arhivsrbije.rs/izdanja/149/kompletna-objava), издадени ЗАЕДНИЧКИ од острана на Архвиот на Србија и АРХИВОТ НА МАКЕДОНИЈА во 1983. и 1984.година.
Имено во Државниот Архив во Скопје сеуште се ДОСТАПНИ изданијата на споменатиот зборник на документи, па така сите заинтересирани можат да направат проверка на нивната автентичност“, реагира СПОНА, прашувајќи се зошто „пренесувањето на автентичните информации кои пред 40 години ги има објавено Архивот на Македонија однеднаш стануваат спорни кога веродостојно и автентично ги пренесува СПОНА?“.

СПОНА ги обвинува и медиумите што известија за реакциите на социјалните медиуми за „потпалување и манипулација“ и за небарање став од другата засегната страна. СПОНА побара и извинување од медиумите, поради, како што вели, „тендинциозното и перфидно споделување на споменатиот текст“.

СПОНА претходно во својата реакција зборува дека не станува збор за авторски текст, а потоа, пишува дека „споменатиот текст“ се споделувал „тенденциозно и перфидно“.

„СКИЦ СПОНА секоја издржана критика ја прифаќа добронамерно, но воедно и апелира дека спроведената хајка, како и заканите не се никако примерни посебно за стандардите на европските вредности кон кои сите тежнееме. СПОНА во своите објави секогаш се држи до добро (повеќе пати) проверени, автентични и оргинални информации, а не шпекулации, цензури и наметнати мислења. Нешто што очигледно некои се обидуваат да го сторат кон големиот Пулевски и писанијата на овој великан, кој секако поради своите дела и заложби тоа не го заслужува“, се вели во реакцијата.

Инаку, дел од претходно искажаната реакција на Месна заедница Галичник на текстот што СПОНА го објави, порачува дека токму објавата на СПОНА е дрска и навредлива.

„Месна заедница Галичник во името на секој еден Галичанец и секој Македонец сака да изрази сериозен протест за дрската и навредливата објава на Организацијата на Србите во Македонија Спона, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски.
Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник“, порача МЗ Галичник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...