Хроника Ограбен малолетник под закана со пиштол

Ограбен малолетник под закана со пиштол

Четиринаесетгодишник од Скопје вчера во 17:45 часот пријавил дека непознато лице извршило разбојништво врз него, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Малолетникот кога влегол во влезот на зградата, сторителот со закана со пиштол му одзел мобилен телефон, по што побегнал во непознат правец.

Се преземат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.