Свет Oфанзива за ослободување на Фалуџа од ИД

Oфанзива за ослободување на Фалуџа од ИД

Ирак покрена воена операција за освојување на Фалуџа, упориште на Исламска држава (ИД) кое се наоѓа на 65 километри западно од Багдад.

– Дојде крајно време за освојување на Фалуџа. Се приближи моментот на големата победа и Исламска држава нема друг избор, освен да бега – најави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

Новата операција следи откако ирачките копнени сили успеаја да ја потиснат ИД од градот Рутба, на границата со провинцијата Анбар.

Исламска држава сè уште држи голем дел од северната и западната територија на Ирак, вклучувајќи го и Мосул, кој е втор град по големина во земјата.