Свет Офанзива на Курдите против екстремистите на северот на Ирак

Офанзива на Курдите против екстремистите на северот на Ирак

Курдските сили во Ирак утринава покренале офанзива против милитантите на Исламска држава за да го преземат северниот градот Синџар, соопштија локалните претставници во Ирак.

– Нападот почна рано утринава, курдските борци тргнаа да го ослободат Синџар – изјави неименуван припадник на курдските сили.

Синџар се наоѓа на стратегиски важен пат, кој го поврзува Мосул, упориштето на екстремистите во Ирак, со Сирија, каде ИД држи голем дел од територијата под своја контрола.

Повеќе од 7.500 курдски борци се вклучени во офанзивата на Синџар, кој е под контрола на исламистите од август 2014 година.