Македонија Одреден притвор за осомничен во случајот „Транспортер“

Одреден притвор за осомничен во случајот „Транспортер“

Судија на претходна постапка определил мерка притвор за вработен во одделот за јавни набавки во Oпштина Битола, додека за три лица се изречени превентивни мерки. Сите четворица се осомничени за случајот „Транспортер“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврди судот.

СЈО покрена истрага за автобускиот превоз на ученици во Битола, а главен осомничен е битолскиот градоначалник, Владимир Талески, но против него нема да се води постапка затоа што тој се најде на листата аболирани од претседателот Ѓорге Иванов. Сепак, СЈО, без оглед на аболицијата, бара заплена на имотот на градоначалникот, како и на лицата што се осомничени во случајот.

Како што соопшти СЈО, меѓу 22 осомничени има вработени во Општината, директори на училишта во Битола, како и директори на транспортни компании.