Македонија Одложено судењето за „ТНТ“ бидејќи обвинетата била повредена од тепање

Одложено судењето за „ТНТ“ бидејќи обвинетата била повредена од тепање

Марика Зафировска, една од обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ за рушење на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, не дојде на денешното рочиште, бидејќи е на болничко лекување по физичкиот напад на 1 мај.

Kако што кажа нејзиниот адвокат, таа и сопругот биле нападнати во викендичка во Куманово и приложи лекарска документација.

Во судницата во Основниот суд Скопје 1 беа присутни другите обвинети: Миле Јанакиески, Никола Груевски и Тони Трајковски, а следното рочиште е закажано за 11 јуни.