Подглавна секција Одбележани сто години на Литванскиот фестивал на песната и танцот

Одбележани сто години на Литванскиот фестивал на песната и танцот

На прославата, посветена на народната литванска музика, учествуваа над 12 илјади пејачи, кои пееја во 400 различни хорови

Фестивалот во 2012 година | Фото: Manorku, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Во Литванија се одбележа стогодишнината од Литванскиот фестивал за песна и танц, посветен на народната музика на балтичката земја.

Фестивалот, коj се одржува традиционално на секои 4 години поради долгите подготовки за него, трае една недела – оваа година започна на 29 јуни и се затвори на 6 јули.

На фестивалот учествуваа над 30 илјади изведувачи, од кои 12 илјади пејачи, кои пееја во 400 различни хорови. Во Дипломатскиот хор пееше Вилма Дамбраускиена, амбасадорка на специјална мисија, раководител на Канцеларијата во Скопје на Амбасадата на Литванија во Хрватска.

Почнувајќи од 1924, фестивалот се одржува на секои четири години. Од осамостојувањето на Литванија во 1990 година до денес, како и во периодот меѓу двете светски војни, фестивалот претставува национална прослава. Главниот настан традиционално се одржува во паркот Вингис во главниот град Вилнус.

Фестивалот е прогласен од УНЕСКО за Ремек-дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото.