Македонија Од утре и стечајците ќе кампуваат пред Влада

Од утре и стечајците ќе кампуваат пред Влада

Од утре дел од стечајните работници ќе кампуваат пред Владата, најавија од Здружението на стечајни работници „Унит“, објави „Куманово њуз“ .

Тие се приклучуваат на протестот на опозицијата и на граѓанските организации пред Влада и велат дека власта девет години си играла со нив.

„Сите се борат за некое подобро утре. На сите им се дозволи да стават шатори, само на стечајните работници не. Ова е можност да го кренеме нашиот глас и да кажеме дека не сме задоволни. Од утре натаму, доброволци ќе се приклучат на кампувањето пред Влада – вели Лилјана Георгиевска, претседателка на „Унит“.

Таа се надева дека наскоро ќе дојде нова власт, која ќе ги обесштети и трајно ќе ги реши проблемите на стечајците.