Македонија Од СДСМ засега без реакција за серијата оставки

Од СДСМ засега без реакција за серијата оставки

Од опозицискиот СДСМ велат дека засега немаат никаква реакција за оставките на министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, ниту, пак, за оставката на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Иако без официјални реакции, своите ставови високите членови на СДСМ ги искажаа на социјалните мрежи – Радмила Шекеринска на „Твитер“, а портпаролот Петре Шилегов на „Фејсбук“,

Петре Шилегов:

Не предлагај нови министри за џабе.
Немаш мандат за такво нешто.
‪#‎ЗбогумНикола‬