Подглавна секција Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Од почетокот на израелската операција во Рафа од територијата побегнале 800.000 луѓе

Тој истакна дека луѓето се кријат во урнати згради и во области каде што е прекинато водоснабдувањето, а санитарни јазли не постојат

Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash

Од почетокот на израелската копнена операција во Рафах на 6 мај, од градот побегнале 800.000 луѓе, соопшти синоќа шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини.

Тој истакна дека луѓето се кријат во урнати згради и во области каде што е прекинато водоснабдувањето, а санитарни јазли не постојат.

„Секој пат се принудени да ги остават зад себе неколкуте работи што ги имаат: душеци, шатори, прибор за готвење и основни предмети што не можат да ги понесат со себе“, истакна Лазарини на социјалната мрежа „Х“.

Тој нагласи и дека Ал-Маваси, наводната безбедна зона во близина на Рафах, всушност е песочна област со големина од само 14 квадратни километри, во која се наоѓале 400.000 луѓе пред последната израелска ескалација.