Македонија Од недела започнува летното сметање на времето

Од недела започнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето во 2020 година започнува на 29 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред времето во 02 часот се смета како 03 часот.

„Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во „Службен весник“ на 26 март,“ информираат од Министерство за економија.