Македонија Од недела ограничен сообраќај на дел од булевар „Илинден“

Од недела ограничен сообраќај на дел од булевар „Илинден“

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје соопшти дека од недела ќе има времен сообраќаен режим на дел од булевар „Илинден“. Ќе биде ограничено движењето на делот од крстосницата со булевар 8 Септември до Сити Мол, во сообраќајната лента во тој правец.

Причината за изменетиот режим се градежни работи за гасоводна мрежа, што ќе ги изведува Акционерското друштво ГА-МА-Скопје. По нивното завршување, ќе се врати нормалниот сообраќаен режим, за што јавноста ќе биде информирана навреме.