Дописници „Од кујната на Масин“, ликовна презентација во Куќата на Уранија

„Од кујната на Масин“, ликовна презентација во Куќата на Уранија

Во Научниот и истражувачки центар – Куќата на Уранија, вечерва во рамките на програмата на „Научно-уметничката визита – Охрид 2015“, ќе биде отворена изложба „Од кујната на Масин“ од познатиот ликовен уметник Мирослав Масин.

Масин е роден 1963 година во Охрид. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 1988 година. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Изложбата ќе биде отворена во 20 часот, а за посетителите ќе биде достапна до 18 август.