Македонија Од денеска бесплатно изнајмување велосипеди во Аеродром

Од денеска бесплатно изнајмување велосипеди во Аеродром

фото: општина Аеродром

Од денеска граѓаните од општина Аеродром можат бесплатно да изнајмат велосипед во периодот од 8 до 16 часот, секој работен ден, информираат општинските власти. За таа цел, општината стави на располагање 10 велосипеди пред општинската зграда, кои можат да се подигнат со оставање лични податоци и телефон за контакт на пријавницата, информираа од оваа општина.

„Со бесплатното изнајмување велосипеди за граѓаните, како и со повеќегодишното субвенционирање за набавка на велосипеди, сакаме да поттикнеме здрави навики кај нашите жители и да ја заштитиме животната средина“, изјави градоначалникот на оваа скопска општина Златко Марин.