Македонија Од денеска 35 нови возачи започнуваат со работа во ЈСП Скопје

Од денеска 35 нови возачи започнуваат со работа во ЈСП Скопје

Со ова, бројот на возачи во ЈСП Скопје изнесува 623 лица

Фото: ЈСП Скопје

Од денеска 35 нови возачи започнуваат со работа во ЈСП Скопје, со што бројот на возачи изнесува 623, што е гаранција за секојдневно непречено функционирање на јавниот превоз. Од претпријатието до овој момент нема заминати возачи, освен лицата кои под редовни услови заминуваат во пензија, соопшти ЈСП Скопје.

Од претпријатието апелираат корисниците на јавниот превоз да не потклекнуваат на обидите за ширење на лажни вести дека „автобусите ќе застанат“ поради немање на возачки персонал.

„Напротив, полека, но сигурно, се подобруваат условите за работа на вработените што е предуслов за подигнување на квалитетот на јавниот превоз. Во последните неколку месеци два пати на сите вработени во ЈСП Скопје платата им е покачена и истата се исплаќа во законски определениот рок и покрај тоа што за прв пат по децении за ЈСП не се одвојуваат и исплаќаат средства за студентскиот стандард“, велат од претпријатието и додаваат дека „како никогаш досега, се вложуваат напори за подобрување на работната атмосфера и функционирањето на јавниот превоз“.