Технологија Гаџети Очила против „тагнување“ на социјалните медиуми

Очила против „тагнување“ на социјалните медиуми

Компанијата „АВГ“ разви специјални очила за заштита, со софтвер против препознавање лица, како тој на „Фејсбук“.

Очилата користат инфрацрвени ЛЕД-диоди со кои ја попречуваат работата на филтрите што повеќето камери ги користат при фотографирање. Покрај тоа, тука се и рефлексивните површини во случај некој да користи блиц.

Очилата засега се прототип и се испробани на „ајфон“, „нексус“ и на познати ДСЛР-апарати. Секојпат резултатот бил добар, односно софтверот не можел да одреди препознавање лице. За жал, сериско производство на овие уреди не се планира во следните неколку месеци.