Македонија Обвинителството започна истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Битола

Обвинителството започна истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Битола

Осомниченото лице на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата „Охридска“ во Битола и со нож ѝ се заканил да вработената, барајќи да му ги даде парите

Фото: Архива на Мета

Наредба за спроведување истрага против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело „разбојништво“, донесе Основното јавно обвинителство Битола.

Осомниченото лице на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата „Охридска“ во Битола и со нож ѝ се заканил да вработената, барајќи да му ги даде парите. Таа исплашена се повлекла, по што осомничениот влегол во внатрешноста на пултот за наплата и од фиоката одзел 65.000 денари, по што избегал.

Од Обвинителството соопштија дека е доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, кое судот го прифатил и му определил притвор во времетраење од 30 дена.