Македонија Обвинителството води предистражна постапка за случајот „Дамар“

Обвинителството води предистражна постапка за случајот „Дамар“

Од обвинителството велат дека се врши препознавање за да се утврди идентитетот на учесниците во инцидентот

Јавното обвинителство води предистражна постапка за случајот „Дамар“ и во тек бил процес на препознавање за да се утврди идентитетот на учесниците во инцидентот во кој беше демолиран кафе-барот, за време на прославата организирана од ЛГБТ-центарот.

– Во рамки на истражните дејства, обвинителството ги повикува сведоците заради земање изјава и се врши препознавање на одредени лица кои се претходно посочени од оштетените – информираат од Јавното обивнителство.

Во врска со претходните напади на ЛГБТ-заедницата, од обвинителството велат дека издале наредба до МВР за преземање истражни дејства за откривање на сторителите на кривичните дела.

Вчера, активисти на ЛГБТ-заедницата протестираа пред зградата на Јавното обвинителство, барајќи од институциите да ги расчистат нападите и да ги откријат сторителите.