Македонија Обвинителството ја чешлало Онкологија

Обвинителството ја чешлало Онкологија

Притоа биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење

Фото: Архива на Мета.мк

Со судска наредба и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР вчера извршиле претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје.

Притоа биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење.

„Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка, поведена врз основа на наводите во новинарски текстови на еден неделник поврзани со работата на Клиниката. Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело“, соопшти Обвинителството.