Македонија Обвинителството бара да се вештачат сликите и видеозаписот на „Фокус“

Обвинителството бара да се вештачат сликите и видеозаписот на „Фокус“

Државното јавно обвинителство му наредило на Министерството за внатрешни работи да ја провери снимката на „Фокус“ за фабриката за пасоши, јавува „24 Вести“.

Јавниот обвинител бара МВР да изврши дигитална форензика врз објавениот видеозапис и врз фотографиите што се објавени од неделникот. Информацијата доаѓа по ставот на МВР дека во аферата „Пасош“ нема елементи на кривично дело и дека не е потребна истрага.

Првпат денеска во врска со спорната снимка се огласи и премиерот Груевски, кој вели дека се работи за манипулација на опозицијата.