Македонија Oблачно време со сончеви периоди

Oблачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне се очекува зголемување на облачноста.

Минималната температура ќе се движи од минус 2 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 8 Целзиусови степени.

И во следните денови нè очекува стабилно време со ниска утринска температура, а позначителен пораст на дневната температура ќе има в петок и за време на викендот, кога дневната температура ќе достигне до 17 Целзиусови степени.