Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до шестиот Целзиусов степен, а максималната ќе го достигне 18 степени.

Во Скопје и во околината се очекува зголемено наоблачување во претпладневните часови, додека во попладневните ќе настане намалување на облачноста и ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10. Целзиусов степен, а максималната ќе го достигне 16 степени.