Македонија Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд, кои во источните делови на земјата ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе изнесува 3 Целзиусови степени, а максималната ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура од 5 до 9 Целзиусови степени.