Македонија Облачно време со магла по котлините

Облачно време со магла по котлините

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец, кој во северозападните подрачја, особено на планините повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од 5 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а се уште ќе има и појава на магла по одделни котлини. Под влијание на нов влажен бран в сабота и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови.

Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а в недела врнежи од снег може да има и на некои повисоки места. В сабота ќе дува засилен јужен ветер, а од недела под влијание на северно воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање.