Македонија Облачно време се повремен дожд

Облачно време се повремен дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Дождовите во текот на денот ќе почнат во западните и во јужните делови, а во вечерните часови ќе се прошират и во останатите делови од земјата. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната утринска температура ќе го достигне шестиот Целзиусов степен, а максималната дневна – 18 степени.

Во Скопје и во околината се очекува претежно облачно време, со појава на слаба магла во претпладневните часови и со повремени врнежи од дожд во попладневните и во вечерните. Минималната утринска температура ќе се движи до девет Целзиусови степени, а максималната дневна до 14. степен.