Македонија Облачно со врнежи од дожд, максимална температура до 11 степени

Облачно со врнежи од дожд, максимална температура до 11 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови, а на планините – снег. Врнежите ќе бидат поизразени во западните и во јужните делови од земјата.

Максималната температура ќе се движи од нула до 11 Целзиусови степени. Во Скопје, таа се очекува да достигне до 9 степени.

Синоптичарите и за утре прогнозираат претежно облачно време, со врнежи од дожд и од снег на планините.

Стабилизација на времето и малку повисока температура се очекува од петок.