Македонија Oблачно со повремени врнежи од дожд

Oблачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во западните и во источните делови од земјата. На највисоките планини ќе има услови за повремен снег. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер, кој ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 14 Целзиусови степени.