Македонија Облачно со повремени сончеви периоди

Облачно со повремени сончеви периоди

Времето денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. На југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе се движи од минус 6 до 1 Целзиусов степен, а дневната од 4 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Дневната температура ќе се искачи до 9 Целзиусови степени.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура во поголемиот дел од земјата ќе се спушти под нулата, а дневната ќе биде во благ пораст.

В сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад ќе почнат врнежи од дожд. Во текот на ноќта од сабота кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. В недела, претежно во западните и источните делови, ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.