Македонија Облачно со повремен дожд

Облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд и со појава на магла во некои од котлините. Во текот на денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Минималната утринска температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне 11 степени.

Во Скопје и во околината се очекува претежно облачно време, со повремен дожд и со магла. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Температура ќе движи од 5 до 8 Целзиусови степени.