Македонија Облачно со дожд, вечер снег

Облачно со дожд, вечер снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и во северните делови.

Утринските температурите се движат од -3 до 8 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе се движат во интервалот од -1 во западните предели до 11 Целзиусови степени на југот од земјата. Во Скопје утринската температура е околу 5, а максималната дневна ќе изнесува 7 Целзиусови степени.