Македонија Облачно, но топло време

Облачно, но топло време

Утринава времето во Македонија беше облачно, со локален дожд. По котлините има појава на магла и на ниска облачност. Минималната температура утрово се движеше од 0 до 9 Целзиусови степени.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно, претпладне со магла по котлините. Во западните делови ќе има повремени локални слаби врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 13 Целзиусови степени.