Македонија Облачно и магливо, попладне со услови за дожд

Облачно и магливо, попладне со услови за дожд

Времето денеска ќе биде облачно, магливо и студено. Во попладневните часови, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во другите делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од нула до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно. Во текот на ноќта ќе има слаби врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 10 степени.