Македонија Облачно и дождливо време, температура до 23 степени

Облачно и дождливо време, температура до 23 степени

Претпладне времето во Македонија ќе биде облачно, со локални врнежи од дожд, а попладне се очекува намалување на облачноста со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието на моменти ќе дува со засилен интензитет.

Утринската температура се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне меѓу 16 и 23 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, со врнежи од дожд во утринските часови, а попладне се очекува благо разведрување со повремени сончеви периоди.

Утринската температура во главниот град се движи околу 14 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 20 степени.