Македонија Облачно и дождливо со температура до 21 степен

Облачно и дождливо со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо, со повремен локален дожд, особено на југот од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе се движи од 9 до 16 Целзиусови степени, а максималната од 15 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 19 Целзиусови степени.

Нов влажен бран се очекува од средината на наредната работна седмица.