Економија Објавен огласот за издавање на Автобуска станица – Скопје

Објавен огласот за издавање на Автобуска станица – Скопје

Градот Скопје објави меѓународен јавен оглас за давање под закуп на Автобуска станица –Скопје, која е сместена под Железничката станица (Транспортен центар). Давањето под закуп на автобуската станица ќе се изврши со усно јавно наддавање, кое ќе се одржи во просториите на Град Скопје на 30 март 2015 година, во 10 часот, во бараката број 13.
Според условите на јавниот повик, основен критериум за избор ќе биде највисоката понудена закупнина, при што почетната цена за закуп не може да биде помала од 170 милиони денари, без вклучен ДДВ.

Автобуска станица – Скопје ќе се даде под закуп за временски период од 15 години.

Краен рок за доставување на документите за утврдување на способноста на учесниците за учество во постапката за усно јавно наддавање е 5 март оваа година, до 14 часот по локално време. Понудите можат да се достават преку пошта или директно во архивата на Град Скопје.