Култура Објавен конкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Објавен конкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга, седми пат распишаа конкурс за наградите „Крсте Чачански“ – за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ – за необјавена поетска збирка.

Расказите, односно песните, не треба да се претходно објавувани.

Секој расказ треба да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма.

Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.

Ракописите во четири примероци треба да се испратат, најдоцна до 20 април 2017 година или по електронски пат на: raskazchachanski@hotmail.com, zbirkakoteski@hotmail.com.

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски и Васил Тоциновски.