Македонија Обид за измама на граѓаните: Пријавена лажна дневна паркинг карта на Паркинзи...

Обид за измама на граѓаните: Пријавена лажна дневна паркинг карта на Паркинзи на Општина Центар

Кодот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и има за цел преку измама да се извлечат парични средства, велат од ЈП Паркинзи.

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Денес е пријавена поставена лажна Дневна паркинг карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар, соопштија од оваа инститиција.

На картата стоел QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата.

„Кодот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и има за цел преку измама да се извлечат парични средства“, велат од ЈП Паркинзи.

Оттаму ги замолуваат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да го известат претпријатието.

Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk.

„Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните“, велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.