Свет Обама во шеста и последна посета на Германија

Обама во шеста и последна посета на Германија

Американскиот претседател Барак Обама се наоѓа во шеста и последна посета на Германија од своето претседателствување. Во текот на денот ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Обама допатува во Германија од Грција, а утре заедно со Меркел ќе се сретне со лидерите на Франција, Италија, Шпанија и на Велика Британија за да разговараат за трансатлантските врски по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Односите меѓу Вашингтон и Берлин се значително подобрени за време на мандатот на Обама, по несогласувањата на неговиот претходник Џорџ Буш Помладиот со Меркел, пред сè, поради војната во Ирак.

Обама своето последно надворешно-политичко патување ќе го заврши во Перу, каде ќе учествува на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка.