Свет Европа Обама им оддаде почит на загинатите во нападите во Париз

Обама им оддаде почит на загинатите во нападите во Париз

Американскиот претседател Барак Обама го посети местото на нападот во концертната сала „Батаклан“ во Париз.

Обама, придружуван од францускиот претседател Франсоа Оланд и од градоначалничката на Париз, Ан Идалго, положи рози на местото каде терористите убија 90 лица.

Мерките за безбедност се засилени во Париз поради доаѓањето на американскиот претседател, кој учествува на конференцијата на ОН за климатските промени.

Конференцијата почнува денеска, а учествуваат 150 светски лидери, јавува „Би-Би-Си“. Конвојот на Обама веднаш се упати кон „Батаклан“ по слетувањето на парискиот аеродром „Орли“.

Во терористичките напади на Исламска држава на 13 ноември во Париз загинаа 130 лица, а повеќе од 360 беа повредени.