Македонија Нуланд можеби ќе дојде во регионот, САД ќе соопштат ако дојде во...

Нуланд можеби ќе дојде во регионот, САД ќе соопштат ако дојде во Скопје

Помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, има многу патувања во регионот. Доколку нејзините патувања ја вклучат и Македонија, Стејт департментот ќе излезе со посебно соопштение, изјавија за „Мета“ од американската амбасада во Скопје.

Во јавноста деновиве се зборува и за можноста Нуланд да се вклучи во преговорите за решавање на политичката криза кога сите можности би биле исцрпени.

Преговорите помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, завршија со неуспех минатата недела во Брисел.