Македонија Нуланд ќе порача дека договорот од 2 јуни е основа за решавање...

Нуланд ќе порача дека договорот од 2 јуни е основа за решавање на кризата

Помошничката на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, в недела ќе допатува во Скопје, потврдија за „Мета“ од Амбасадата на САД во Скопје.

Нуланд в понеделник наутро ќе има одвоени средби со лидерите на политичките партии, а околу пладне ќе се сретне и со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

„САД и ЕУ работеа заедно со политичките лидери во Македонија за да се оствари договорот од 2 јуни, според кој партиите ќе ги стават интересите на земјата во прв план и ќе се посветат на евроатлантскиот процес и на демократските принципи“, се вели во одговорот на Амбасадата.

За време на посетата, Нуланд, како што наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје, ќе истакне дека договорот останува основа за политичка разврска на кризата.