Свет Европа Ново примирје во Украина

Ново примирје во Украина

Украина и проруските сепаратисти се договорија за нов прекин на огнот, два дена по доаѓањето во Киев на претставникот на рускиот претседател Владимир Путин.

Последното примирје е направено кон крајот на декември, а тоа овозможи значително намалување на судирите на истокот на Украина. Сепак, регистрирани се спорадични судири, во кои загинаа најмалку пет лица од почетокот на годината.
Новото примирје е предмет на спогодба во новата рунда преговори во Минск, под покровителство на ОБСЕ.

Украинските претставници и ОБСЕ соопштија дека примирјето е постигнато под водство на претседателот на Русија, Владимир Путин, Борис Гризлов, поранешен претседател на Думата и поранешен руски министер за внатрешни работи.

– Рускиот претставник Борис Гризлов предложи да се обиде да се постигне прекин на огнот – рече претставникот на ОБСЕ, Мартин Сајдик, додавајќи дека предлогот е прифатен.