Македонија Новите пратеници седнаа во собраниските фотелји

Новите пратеници седнаа во собраниските фотелји

Во продолжението на 18. седница, попладнево Собранието на Република Македонија со 78 гласа „за“ и ниту еден против, ги изгласа мандатите на новите пратеници, кои ги заземаат местата на пратениците што си дадоа оставки поради стапувањето на градоначалничките функции или поради кандидирањето за градоначалници.

Наместо досегашните Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Максим Димитриевски, Коста Јаневски, Бардиљ Даути и Зеќирија Ибрахими, во Собранието влегуваат Татјана Лалчевска, Анета Симовска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и Костадин Костадинов, од СДСМ, Мерал Узеири-Ферати од ДПА и Реџеп Мемеди од Беса.

Откако беа изгласани новите мандати, Собранието продолжи со другите точки од дневниот ред, односно со дискусијата за повеќе барања за автентично толкување на членови на закони, поднесени од претходни градоначалници.