Главна секција Новинарот Кежаровски експресно префрлен од притвор во затвор

Новинарот Кежаровски експресно префрлен од притвор во затвор

Новинарот Томислав Кежаровски, кому вчера Апелацискиот суд му ја намали казната затвор на две години, вечерва е префрлен во затворот во Шутка. Ова го потврди и неговата сопруга, која тоа го објави на својот фејсбук-профил.

„Скандалозна и политичка, а не судска одлука“, е ставот на новинарските здруженија и на новинарите по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд, со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна за случајот „Ликвидација“, во кој беше обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок.