Свет Нови ограничувања за автомобилите во Њујорк

Нови ограничувања за автомобилите во Њујорк

Властите во Њујорк ги зголемија ограничувањата на брзината на движење на автомобилите во градот за да се намали бројот на сообраќајни несреќи.

Возачите ќе може да се движат со автомобилите со брзина од 25 милји на час (околу 40 км/час). Само во некои поголеми улици возачите ќе може да се движат како и досега – со брзина на автомобилот од 30 милји на час (48 км/час).

Околу училиштата, ограничена е брзината на движење на автомобилите на помалку од 25 милји на час.