Свет Свет Нови напади на Донецк

Нови напади на Донецк

борби во Донецк

Подрачјето на градот Донецк на истокот на Украина, кој е под контрола на проруските сили, во текот на ноќта било гранатирано иако е потпишано примирје.

Како што јавуваат светските медиуми, се слушнале силни експлозии и тешка артилерија.

Артилерискиот оган е речиси секојдневна појава во подрачјето на донецкиот аеродром, а гранатирањето на Донецк се интензивираше минатата недела.

Украина ја обвинува Русија дека праќа воена помош на проруските сили на истокот на земјата, додека Киев и проруските сили заемно се обвинуваат на кршење на примирјето од 5 септември годинава.