Економија Нови ковани пари од Народна банка, за колекционерски цели

Нови ковани пари од Народна банка, за колекционерски цели

Народната банка издаде и пушти во оптек ковани пари од серијата „Ден на Ангел“ за колекционерски цели, „Владимир“, „Наталија“ и „Олга“.

Овие ковани пари се изработени од сребро Аg 925, со тежина на среброто од 28,28 грама, во овална форма, со димензии од 30 на 50 милиметри, полирани со тампон-печатење и вметнат кристал „сваровски“ со димензиja 2,6 милиметри.

Цената на кованите пари изнесува 3.500 денари и иако се за колекционерски цели, тие се законско средство за плаќање во Македонија.